Најмалку две лица загинаа во пукање во Окленд

Најмалку две лица се убиени, а шест други се ранети во пукање на градилиште во најголемиот град во Нов Зеланд, Окленд, соопштија тамошните власти во четвртокот, како што јави Ројтерс.

Според полициското соопштение, напаѓачот е мртов и повеќе нема ризик од нов инцидент.

Полицискиот комесар Ендру Костер изјави дека двајца цивили биле убиени, а наводниот сторител починал. Меѓу повредените има и полицаец, рече Костер и додаде дека бројот на жртви може да се зголеми.

Во ургентен центар биле однесени 10 лица од кои седум се здобиле со прострелни рани, додека повредите на другите тројца не се поврзани со огнено оружје.