Двајца мажи загинаа во страшното невреме во Загреб

Двајца мажи загинаа, а неколку лица се повредени денеска во големото невреме кое попладнво го зафати Загреб.

Евидентирани се два смртни случаи, неколку лица се повредени“, потврди докторката Љупка Хитрова од Институтот за итна медицина на Град Загреб.

Според неа, двајца мажи загинале како последица од паѓање на дрвја, а имале повеќе повреди на главата.

Таа додаде дека во заводот се прават спецификации, но дека во целиот град има многу повредени, од кои дел се во тешка состојба.

За помалку од 45 минути биле упатени повеќе од 700 повици до итните служби, а пожарникарите интервенирале во најмалку 50 случаи.

„Окружниот центар 112 Загреб има потешкотии во комуникацијата со итни и комунални служби поради големиот број повици за кратко време – над 700 повици за 45 минути“, објави Дирекцијата за цивилна заштита на Твитер.

Според видеата кои се шират на порталите и социјалните мрежи, голем градежен кран се урнал на земја во загрепската населба Чрномерец под налетот на ураганските ветрови.

Невремето кое траеше околу 20 минути, урна гранки и дрвја на автомобили низ градот, а неколку населби беа поплавени.