Гори руска воена база на Крим

Поради пожарот што избувна на воениот полигон во областа Киров на Крим, планирана е привремена евакуација на околу 2.000 луѓе во таа област, најави шефот на управата на Крим, Сергеј Аксјонов.

Соопштено е дека во врска со пожарот е формиран кризен тим предводен од Аксјонов, пренесува ТАСС. Претходно руските власти објавија дека автопатот Таврида, кој ги поврзува пристаништето Керч во Азовското Море и градот Севастопол, е затворен поради пожар што избувна на полигон во областа Киров на Крим.

„Ројтерс“ пренесува дека руските Телеграм канали поврзани со безбедносните служби и украинските медиуми јавуваат дека избувнал пожар во складиште за муниција во базата по украинскиот воздушен напад, истакнувајќи дека не може самостојно да ја потврди информацијата.