Нови докази? Полицијата издаде налог за претрес во случајот со убиството на Тупак

Полицијата во Лас Вегас во понеделникот упадна во куќа како дел од истрагата за убиството на раперот Тупак Шакур.

Раперот е убиен во далечната 1996 година, а како што пишува „Дејли мејл“, детективите сега издале налог за претрес во куќа во Хендерсон.

Потсетуваме, раперот беше ранет на 7 септември во пукање на раскрсницата на патот Фламинго и Ковал Лејн во Лас Вегас. Потоа бил однесен во Универзитетскиот медицински центар во Јужна Невада, каде што починал шест дена подоцна, а случајот останува нерешен.

Нема подетални информации за актуелниот претрес на куќата во Хендерсон.