Светот „гори“, а во Австрија, Словенија и Хрватска невреме

Во некои делови на Австрија, налетите на ветерот достигнаа брзина меѓу 100 и 160 километри на час.

Силното невреме со грмотевици попладне ги зафати западна и јужна Австрија и Словенија и се движи кон Хрватска.

Според австриските медиуми, најлошо било во Тирол, каде силниот ветер носел покриви од куќи. Во некои делови на Австрија, налетите на ветерот достигнаа брзина меѓу 100 и 160 километри на час.

Нешто по 20 часот во Словенија без струја останаа повеќе од 30.000 корисници на Електро Љубљана. Во планинските делови во северниот дел на Словенија, силниот ветар корнеше дрва.