Напаѓач во Њујорк пукал во тинејџери на Тајмс сквер

Тројца тинејџери се ранети откако во понеделникот вечерта расправија прерасна во пукање на Тајмс Сквер. Официјални лица велат дека пукањето избувнало долж 7-та авенија, помеѓу западната 42-ра и 41-та улица, околу 23:50 часот. Пукањето се случило во зона која обично е преполна со туристи,  пренесува ABC7ny.

На снимките од надзорните камери се гледа како истражителите го пребаруваат местото на настанот за докази. Властите велат дека пронашле четири чаури. Полицијата вели дека сето ова се случило кога тројца тинејџери се скарале со друго лице. Тинејџерите, 15-годишник и 18-годишник, биле застрелани во бутот, соопштија официјални лица. Тие се пренесени во болницата Белви во стабилна состојба.

Властите велат дека 17-годишникот подоцна се појавил во болницата во Харлем со прострелна рана на раката. Осомничениот побегнал од местото и не бил уапсен. Полицијата вели дека верува дека жртвите и осомничениот се познавале и тоа најверојатно не било случаен чин.