Аријана Гранде се разведува по 2 години брак?

Пејачката Аријана Гранде и сопругот, агентот за недвижнини Далтон Гомез, се разделиле бидејќи сфатиле дека не можат да функционираат во „светот по Ковид“, се вели во новото соопштение.

Од друга страна, Гомез уште еднаш се соочи со фактот дека Аријана е славна личност, бидејќи немаше такви „проблеми“ додека беа во изолација.

Изворите тврдат дека Гомез се прашувал зошто на Аријана и е потребно обезбедување за да излезе во јавност, што е од суштинско значење за поп-ѕвездата, пренесува TMZ.

Наводно парот пред неколку месеци се обидел да ја обнови врската, но ни тоа не им успеало.

Понатаму се наведува дека парот набрзо би можел и официјално да се разведе и дека нивните проблеми започнале уште минатата година.

Пејачката од декември 2022 година е многу зафатена со снимање на мјузиклот „Wicked“ поради кој патува низ цела Америка. Сепак, таа и Далтон наводно и понатаму се во контакт и се добри пријатели.

Инаку Аријана и Далтон се заедно од 2020 година, а врската ја обелоденија во јавноста преку нејзиниот спот за дуетот со Џастин Бибер – „Stuck With You“. Една година подоцна, парот се венчаше во домот на Аријана во Монтесито, на интимна венчавка на која присуствувале околу 20-тина луѓе.