Хуманитарно летно кино ќе се одржи вечерва /18 јули/ во 20 часот , во дворот на основното училиште „Вук Караџиќ“ во Куманово.
– Со почеток од 20:00 часот во училишниот двор на основното училиште „Вук Караџиќ“. Цената на билетот е 50 денари и сите средства собрани од продадените билети ќе бидат донирани за Теодосија, информираа од Црвен крст Куманово.
Посетителите ќе можат да го погледаат филмот „50 први состаноци“, кој е избран на анкета на Фејсбук и Инстаграм профилите на Црвен крст, прикладен за сите возрасти, така што се очекува публика во што поголем број.
Настанот го организира Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово, во соработка со Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) Куманово, а има хуманитарен карактер, да се соберат финансиски средства за лекување на малата Теодосија, во Турција.