Стружани со полни трибини против Жалгирис за второ коло во ЛШ

Откако успеаа да издржат во Вилнус во меч во кој имаа свои шанси, но имаа и среќа да не загубат, стружани денеска ќе мора да одиграат и подобро од тој меч пред една седмица, ако сакаат да се надеваат на пласман понатаму, кој ќе им донесе мега-пресметка со турскиот великан Галатасарај, но победата е многу повредна зашто им обезбедува најмалку пласман во плејофот за Конференциската лига.

Не летаме премногу, скомни сме сите во клубот од челниците, па до фудбалерите, зашто свесни сме дека и покрај добриот резултат во првиот меч – сѐ е отворено. Жалгирис има исклучително искуство, 20 пати поголем буџет од нас и од многу аспекти се фаворити. Во првиот меч се виде дека нема голема разлика, се надевам дака ќе биде и сега. Нашата цел е да дадеме максимум. Нема еуфорија кај нас, само сериозност и максимална концентрација“; најави Шпетим Дуро, тренерот на стружани.

На Струга ѝ треба било каква победа, дали со еден гол, дали преку продолженија или пенали за да ја исполни својата мисија, но Жалгирис и на првиот меч покажа дека е многу сериозен тим, со сериозен квалитет, иако не дадоа ни еден гол и затаија во завршницата на акциите, благодарение и на извонредната дефанизва што ја одигра македонскиот првак предводена од Сава Радиќ, српскиот стопер кој успеваше да стигне сѐ.