Дали знаете колку се навистина здрави?

Лубеницата е омилено летно освежување, но кога се во прашање нејзините семки, сигурни сме дека, како и повеќето, ги фрлате.

Но, тоа е грешка бидејќи тие се нутритивно богати. Семките од лубеница се нискокалорични и изобилуваат со хранливи материи. Може да се јадат и печени. Тогаш тие се крцкави и можат да бидат одлична замена за нездравите грицки.

Една голема шака семки од лубеница тежи околу 4 грама и содржи само 23 калории, што е многу помалку од една ќесичка чипс. Доколку сакате да ги испечете, измијте ги и исушете ги. Кога целосно ќе се исушат, прелијте ги со малку маслиново масло и рамномерно распоредете ги на тава за печење. Посолете ги и печете ги во рерна загреана на 160 степени, 10 до 15 минути. Слободно додајте зачини по ваша желба како каенски пипер, цимет или малку шеќер.

Лубеницата е полна со витамини и хранливи материи, лубеницата не е само шеќер и вода. Како значаен симбол на летото и морето, ќе се изненадите колку лубеницата прави добро за вашето тело

Тоа ви помага да останете хидрирани.

Лубеницата е 92 отсто вода, па затоа е лесен начин да го хидрирате вашето тело. Дури и малата дехидрација во лето може да предизвика замор, грчеви и главоболки. Обидете се да посипете малку сол на лубеницата после физичка активност за да ги надополните електролитите и јаглехидратите.