Вардар го доби Рајн Некар за противник во квалификациите за Лигата на Европа

Eкипата на Вардар по една година пауза се враќа на европска сцена во квалификациите за Лигата на Европа, но црвено-црните немаа многу среќа.

За Вардар да игра во групната фаза каде што веќе е Алкалоид ќе мора да го помине германскиот Рајн Некар Левен кој беше најтешкиот можен противник. Германците беа најмалку посакувани, но ждрепката така сакаше.

Вардар на првиот меч ќе биде домаќин (26 или 27 август), реваншот е една недела подоцна во Германија.

Вториот македонски претставник во машка конкуренција во квалификациите за евро-куповите, Тиквеш ќе се соочи со Фортоф Кремс од Австрија во ЕХФ Европскиот куп.

Во седиштето на ЕХФ беа извлечени и двојките во женска конкренција. Од македонските екипи: Ѓорче Петров ќе игра со Тиват (Црна Гора), Куманово со Херцегонбусе (Швајцарија), додека Чаир го доби Венло (Холандија).