Роналдо го „пецна“ Меси: Лигата во С. Арабија е посилна од таа во САД

Ал Наср беше тешко поразен од шпанската Селта од Виго во пријателски натпревар.

Беше 5:0 за членот на Ла Лига, но и покрај тоа Кристијано Роналдо тврди дека од европските лиги вреди уште само англиската ПЛ.

И покрај тоа што најдобрите фудбалери во 21. век веќе не се дел од Европа, очигледно е дека нивното ривалство се уште трае.

Лигата во Саудиска Арабија е подобра од МЛС. 100 проценти сум сигурен дека нема да се вратам во европски клуб. Јас го отворив патот за лигата во Саудиска Арабија и сега сите фудбалери доаѓаат тука“, вели Роналдо.