Беснее пожарот во Атика

Голем пожар избувна денеска во областа Куварас на истокот од грчкиот полуостров Атика, соопшти Бригадата за противпожарна заштита.

Поради силниот ветер пожарот забрзано се шири, а веќе изгореа и неколку куќи во викенд населби кои не се густо населени.

Пожарот кој бесее во Пелопонез пак го затвори автопатот од Атина до Коринт во двата правци, превентивно се евакуирани детски камп и дом за нега на стари лица.

Грчките власти денеска наредија евакуација на неколку градови бидејќи пожарот се приближи до домовите.

Наредена е евакуација во градовите Лагониси, Саронида и Анависос, пренесува Екатимерини. Пожарот го гаснат повеќе од 150 пожарникари со 40 возила, седум авиони и четири хеликоптери.