Актерката Сара Климоска ја освои наградата за најдобра актерка за улогата на Доста во филмот „Кајмак“ на фестивалот за филм во Сомбор, Србија. Во Србија филмот беше и на редовниот репертоар во кината.
Овој млад фестивал своето петто издание годинава го одржа со мотото „За оние што доаѓаат“. Србија е една од земјите во која „Кајмак“ беше и на редовниот кинорепертоар.
„Сара е глумец од светски калибар, талент што се раѓа еднаш во генерација“, изјави Манчевски за Климоска.
Набргу „Кајмак“ ја очекува и американската премиера, на 33-тото издание на фестивалот „Синеквест“ во Калифорнија од 15 до 30 август. „Синеквест“ е еден од најголемите и најреномирани независни фестивали на американскиот континент, а специфичен е по програмата што поддржува иновативни и креативни уметнички дела.