Научниците предупредуваат на силни Сончеви блесоци

Руски научници од Институтот за применета геофизика Федоров во Москва предвидуваат дека денеска може да се очекува силна сончева активност, која би можела да пречи на комуникациите со кратки бранови, пишува Ројтерс.

Тие наведуваат дека Сонцето ќе ги „исфрли“ блесоците од Х, кои се најголемите експлозии во Сончевиот систем и можат да создадат радијациони бури.

Ваквите Сончеви блесоци од класата X се најголемите експлозии во соларните системи и може да создадат долготрајни радијациски (магнетни) бури. Протонските блесоци се бура од честички на соларна енергија, составена главно од протони.

Сончевите блесоци се случуваат кога ќе се поврзат силните магнетни полиња во и околу Сонцето. Тие може да влијаат врз магнетното поле на Земјата со можност за оштетување на сателити и комуникациска опрема, според американската вселенска агенција NASA. Во 2022 година геоматнетна бура предизвикана со голема експлозија на сончево зрачење онеспособи 40 штотуки лансирани сателити на „SpaceX“.

Сончевите блесоци можат да предизвикаат магнетни бури на Земјата кои ги нарушуваат електроенергетските системи и влијаат на миграциските патишта на птиците и животните. Дополнително, силните бури предизвикуваат прекин на комуникациите и системите за навигација со кратки бранови, како и испади на напонот на струјата во индустриските мрежи.