Аргентинецот Лионел Меси и Шпанецот Серхио Бускетс, некогашниот тандем на Барселона, синоќа беа претставени како главни засилувања за Интер Мајами.
Презентацијата се одржа во неговиот нов дом, на стадионот ДРВ ПНК, а Меси беше пречекан од илјадници фанови на неговиот нов клуб.
Пред навивачите се обрати и првиот човек на Интер Мајами, Дејвид Бекам, кој е најзаслужен за доаѓањето на Меси во клубот.
Со денови овој настан се најавуваше како голем спектакл, стадионот беше исполнет до последно место, а стартот беше одложен поради големото невреме, пропратено со силни грмежи.
На крајот, и покрај дождот, двајцата играчи се појавија на сцената и предизвикаа делириум на трибините, кои пред настанот купуваа дрес од Меси за 200 долари.
Soak it in, Leo Messi.
The warmest of welcomes to @InterMiamiCF. pic.twitter.com/STzKSDrBGh
— Major League Soccer (@MLS) July 17, 2023