Ромелу Лукаку може да стане нов фудбалер на Јувентус, но италијанските медиуми се убедени дека за ваков епилог, „бјанконерите“ прво мора да го продадат Душан Влаховиќ во ПСЖ.
Според „Газета дело Спорт“, ПСЖ веќе направил контакт со претставниците на Влаховиќ и Јувентус, но се уште нема конкретна понуда на масата.
Јувентус сака што е можно побрзо да се реши случајот на Влаховиќ за да може да испрати понуда за Лукаку, со одолговлекување на работата ризикува Челси да најде друг купувач за Белгиецот и потоа да треба да бара друго решение.
„Тутоспорт“ верува дека ПСЖ наскоро ќе прати понуда, но треба да продаде фудбалери пред да го потпише Влаховиќ.