13.000 евра за билет на финалето на Вимблдон

 

Влезниците за соочувањето на централниот терен се скоро распродадени, а оние кои се уште може да се купат се продаваат по цена од 10 до 13 илјади евра.

Вчера попладне и претпладнево можеше да се најде и билет за сума од 9.000 евра, но сега останаа само оние најскапите.

Инаку најскапата влезница за вчерашното финале во женска конкуренција се продаваше за 2.500 евра.

Победникот во денешното соочување не само што ќе решава за освојување на трофејот на третиот Гренд слем во сезоната туку и за тоа кој од следната недела ќе биде на чело на АТП листата.

Алкараз атакува на првиот триумф во Вимблдон и останување на лидерската позиција додека Ѓоковиќ ќе се обиде да стигне до осмиот трофеј во Лондон или петти последователен, а за него ова ќе биде и 24. Гренд слем во кариерата со што ќе се израмни со легендарната Маргарет Корт.

Финалето на машкиот дел од турнирот во Вимблдон почнува во 15 часот.