„Ѓаволите“ одамна сакаат да се ослободат од дефанзивецот за кого платија рекордни 80 милиони фунти, но досега ја немаат добиено вистинската понуда за него. Засега не е познато колкава сума ќе понудат „чекичите“ за Мегваер, но таа сигурно нема да биде под 40 милиони фунти.
Вест Хем минатата сезона беше блиску до испаѓање, поради што сега се очекува менаџерот Дејвид Мојс да се обиде да ја засили својата одбрана, која беше најлошиот дел од тимот.