Ќе остане ли Ѓоковиќ крал или е време за принцот

Финалето кое што многумина го посакуваа и предвидуваа за трофејот на Вимблдон, ќе се случи денеска. Во 15 часот на Централниот терен ќе се појаваат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас.

Србинот е рекордер по бројот на освоени Гренд слем трофеи и засега е на бројката од 23, додека младиот Шпанец е предводникот на новата генерација и атакува на првиот Вимблдон. Алкарас е прв на АТП листата и доколку денеска победи ќе ја задржи лидерската позиција, додека ако Ѓоковиќ триумфира во финалето, Србинот од утре ќе биде новиот број 1 во светскиот тенис на рангирањето.

За Србинот ова ќе биде 35 финале на најголемите тениски турнир со што го урна апсолутниот рекорд на легендарната Крис Еверт. Доколку стигне до титулата таа ќе биде за него осма вимблдонска (со што ќе се израмни на вечната листа со Роџер Федерер) и 24. гранд-слем (ќе го израмни апсолутниот рекорд на Маргарет Корт).

Од другата страна на мрежата ќе биде Шпанецот, Карлос Алкараз кој дефинитивно се покажува како вистински наследник на големата тројка. Карлитос веќе освои гранд-слем титула (УС опен минатата година), а себично го чува и првото место на АТП листата.