Земјотрес од 7,4 степени во Алјаска

Земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди рано утринава полуостровот Алјаска, објави Американскиот геолошки институт.

Истовремено, опсерваторијата на вулканот во Алјаска, извести за закана од вулканот Шишалдин кој исфрлил пепел.

По земјотресот, што беше на длабочина од 9,3 километри, беше издадено предупредување за цунами