На 1 јануари грчката држава ќе обезбеди финансиска помош од 2.000 евра за секое новороденче. Ова е изгласано на последната владина седница на премиерот Киријакос Мицотакис.
Додаток од 2.000 евра за секое новороденче е дел од политиката на балканската земја за промовирање на фертилитетот. Критериум за доделување на оваа сума е домаќинството кое ќе аплицира за овој детски додаток има годишен приход помал од 70.000 евра.
Демографскиот проблем е прогласен за национален од грчките политичари. Земјата има низок наталитет и голема емиграција во побогатите западни земји. Според последните податоци, помеѓу 2011 година и 2015 година населението на Грција се намалило од 11,2 на 10,8 милиони.
Според предвидувањата, до 2050 година населението на земјата може да намали до 10 милиони луѓе.