Спречени атентати на главната уредничка на РТ и на новинарка

Руските разузнавачки и истражни агенции спречиле атентати врз две познати руски новинарки зад чија подготовка стоела украинската разузнавачка служба, објави во саботата Федералната служба за безбедност (ФСБ) пренесуваат руските новински агенции.

Цел на планираните атентати кои требало да ги извршат припадници на руски неонацистички групи заврбувани од украинскот разузнавање биле главната уредничка на медиумската групација Россия сегодня и меѓународниот информативен сервис RT, Маргарита Симонјан, и влијателната блогерка Ксенија Собчак.

Според соопштението, ден претходно во Москва и во регионот Рјазан биле уапсени членови на неонацистичката групација коајшто се нарекувала „Параграф-88“, што асоцира на нацистичкиот германски поздрав „Хајл Хитлер“, кои вршеле надзор „на адресите на работните места и живеалиштета“ на Симонјан и Собчак.

Интерфакс објави соопштение од ФСБ дека уапсените признале дека подготвувале напади врз две жени во име на Украина и дека им била ветена награда од 1,5 милиони рубљи (16.620 долари) за секоја.

Симонјан, уредник на државниот медиум RT и гласен поддржувач на руската војна во Украина, објави порака на Телеграм за наводниот заговор.

„Продолжете да работите, браќа“, им рекол тој на безбедносните служби.

Собчак е познат новинар и ТВ водител кој се кандидираше и на претседателските избори во 2018 година.