Пејачката Шакира беше „фатена“ во друштво на НБА ѕвездата Џими Батлер.
Отишле во познат ресторан, а по тој повод пејачката воодушевила со елегантно издание.
Дека се трудат да ги избегнат приказните за нивната врска покажува и фактот што не влегле заедно во ресторанот, туку со неколку минути разлика.
– Забележано е дека и двајцата уживаат во друштвото додека поминуваат време во ресторанот – изјавил изворот за Е! Вести.
Шакира (46) е 13 години постара од Батлер и – според американските медиуми – двајцата се во романса веќе неколку месеци, особено откако беше забележана на натпреварите на Мајами Хит за време на НБА плејофот во 2023 година.