Јувентус сака да го „украде“ Лукаку“

Неверојатен пресврт може да се случи во трансферот на Ромело Лукаку, па од еден од омилените играчи, може да стане еден од најомразените. Веќе еднаш Лукаку ги разочара фановите на „нероазурите“ со неговата одлука да се врати во Челси, но набрзо ја сфати грешката, па се врати одново во Интер по една сезона.

Меѓутоа засега е статус кво, Интер не успева да се разбере со Челси, а во оваа ситуација се вклучил и Јувентис. Наводно европскиот вицешампион нуди 35 милиони евра, плус уште 5 милиони евра во бонуси, но клубот од Милано се уште нема позитивен сигнал од самиот Лукаку.

Ромелу веќе разговарал со Јувентус и Интер воопшто не е среќен поради тоа. „Старата дама“ е подготвена да плати 37,5 милиони евра, плус 2,5 милиони евра, ама под услов да се ослободат од Душан Влаховиќ.