Ѓоковиќ не се испоти против Синер

Ѓоковиќ имаше проблеми на свој сервис на стартот на мечот, а Синер не искористи две брејк-шанси. Лошиот почеток го разбуди Србинот кој веднаш му покажа на италијанскиот тенисер дека го чека пеколен натпревар. Новак направи брејк во вториот гем за водство од 2-0, а потоа сервираше без проблеми за да го добие сетот со 6-3.

Србинот направи брејк во третиот гем на вториот сет (2-1), по што Синер се обидуваше да ја врати неизвесноста, но не можеше да му парира на поискусниот колега кој продолжи да доминира на теренот и да го добие сетот со 6-4.

Италијанецот имаше две шанси да го освои третиот сет, но пропушти две брејк и сет-топки на сервисот на Ѓоковиќ во 10. гем, по што победникот се решаваше во тај-брејк каде што седумкратниот освојувач на Вимблдон славеше со 7-4.

Во секој случај, одличен перформанс од Јаник Синер на овогодинешниот Вимблдон. Италијанецот направи голем успех со пласманот меѓу четирите најдобри, но немаше сили да стигне до мечот за титулата.

Поранешниот најдобар тенисер во светот во финале ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Данил Медведев и Карлос Алкараз.