Уапсена жената која наводно му продала дрога на внукот на Роберт Де Ниро

Леандро се предозирал, до неговото тело била пронајдена наркотици, што за медиумите го потврдила и неговата мајка Дрена.

Но сега американскиот TMZ објави дека полицијата привела жена која се смета за „одговорна за предозирањето на Леандро“, како и дека во истрагата се вклучило и ФБИ бидејќи било откриено дека таблетите кои ги пиел биле измешани со фентанил.

Дреана Де Ниро откри дека предозирањето со овој силен наркотички аналгетик било причина за смртта на нејзиниот син, а полицијата верува дека жената што ја привеле му ја продала на Леандро дрогата која била „со вкус“ со фентанил без негово знаење.