Меси се појави во маркет – скоро никој не го препознал! Објавено на 13:39, 14 јули

Лионел Меси наскоро ќе дебитира во дресот на новиот клуб, Интер Мајами. Аргентинскиот „генијалец“ пристигна во Соединетите Американски Држави, а фановите ќе имаат можност да го видат „на дело“ кон крајот на јули.

Меси во Мајами не е толку познат како на другите точки од планетата, па затоа реши самиот да отиде во шопинг и се појави во еден трговски центар, каде повеќето луѓе воопшто не го препознаа светскиот фудбалски шампион. Тоа веројатно му годи на Аргентинецот и затоа се реши заедно со неговото семејство да отиде на „пазарење“ во локалните продавници.

Единствен човек што го препозна Меси е еден од продавачите во маркетот, кој го замолил феноменалниот фудбалер да се фотографираат, а „малиот волшебник“ прифатил без проблем. Продавачот му посакал многу среќа во настапите за Интер Мајами и двајцата кратко поразговарале за актуелните фудбалски теми.