Штип ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок

Овој викенд по пауза од 6 години, Штип повторно ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок во машка и женска конкуренција до 22 години.
Во СЦ Џексон публиката ќе има можност да ги проследи настапите на репрезентациите на Романија, Србија, Турција, Косово и Македонија.