Лацио може да остане и без најдобриот голгетер

асега неименуван клуб од Блискиот Исток изразил желба да го купи најдобриот стрелец на „лацијалите“, Чиро Имобиле, кој според италијанските медиуми веќе ги договорил личните услови за годишна плата од 15 милиони евра и бонус од пет милиони евра при потпишувањето на соработката. Проблемот е што репрезентативецот на Италија има важешки договор со римјаните до 2025 година и неговото заминување не е можно без согласност на калчолигашот.

Најголем проблем за преселбата на Имобиле на Блискиот Исток е љубовта која газдата на Лацио, Клаудио Лотито, ја чувствува кон овој фудбалер.

Сè уште не сум добил официјална понуда за Чиро, кого го сакам како син и кој дефинитивно не е на продажба. Прашање е дали би се премислил дури и ако пристигне понуда од 50 милиони евра. Најверојатно и тогаш не би го продал”, изјави Лотито.

Имобиле настапува за Лацио од 2016 година, период во кој одигра 239 средби и постигна 162 гола во небесно синиот дрес на составот од Рим.