Хари Кејн и натаму е член на Тотенхем, но за неговиот потпис сериозно се борат Баерн Минхен и ПСЖ.
Баварците веќе пратија неколку понуди за англискиот репрезентативец, а од пред неколку дена и ПСЖ почнал да го опипува пулсот на премиерлигашот во однос на сумата која треба да се плати за Кејн.
Според извори на Билд, најдобриот играч на Тотенхем веќе се договорил за трансферот и доаѓањето во актуелниот германски шампион, а за реализација на оваа работа челниците на клубовите допрва треба да се договорат за висината на трансферот.
Кејн не размислува да се пресели во друг клуб, тој се договори со Баерн. Кејн е уверен дека може да ја освои Лигата на шампионите со Баерн и тренерот Томас Тухел“, пишува новинарот на Скај.
Капитенот на Англија, Кејн е член на Тотенхем, но на почетокот имаше кратки позајмици во Лејтон, Милвол, Норич и Лестер.
За Тотенхем одигра 435 натпревари и постигна 280 голови. Тој е вториот најдобар стрелец во историјата на Премиер лигата по Алан Ширер.
Сепак, германски „Билд“ тврди дека Кејн не е заинтересиран за преселба во Париз и очекува успешни преговори меѓу Баерн и Тотенхем, со што би си ја остварил желбата да се пресели во редовите на бундеслигашот.
