ПСЖ тргнува по Осимен

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис изјави за италијанските медиуми дека нема многу клубови кои би можеле летово да си го дозволат евентуалниот трансфер на Виктор Осимен.

„Многу се шпекулира за Виктор, но најголем дел од овие наводи се невистинити. Ние имаме јасна цел и сакаме да го продолжиме неговиот договор. Нема многу клубови кои можат да платат огромни средства за него. Единствен клуб кој во моментов може да си го дозволи Осимен е Пари Сен Жермен. Доколку Насер Ал-Келаифи ни испрати понуда од 200 милиони евра, тогаш сериозно ќе размислиме.

Јас лично сметам дека Виктор ќе остане со нас, но ова е фудбал и многу работи можат да се променат преку ноќ. Навивачите го сакаат и многу го почитуват, а и самиот тој има огромна љубов за нив. Ќе видиме, летото ќе биде долго и жешко“, изјави Де Лаурентис. 

Па затоа ПСЖ тргнува по Осимен, испратена е официјална понуда и тоа висина од 110 милиони евра, на Осимен му се нуди 12 милиони евра плата по сезона.