Новак направил драма во 1 часот по полноќ

Незадоволен од својот ритерн во првите два сета во мечот со Хуберт Хуркач, Новак Ѓоковиќ ги собрал своите тренери и ги натерал да прават анализа во 1 часот по полноќ.

Натпреварот се играше во неделата и понеделникот, првиот ден беа комплетирани само два сета, а иако Ѓоковиќ водеше со 2-0, призна дека е исклучително незадоволен од својот ритерн. И на прес-конференцијата следниот ден изјави дека никогаш не се чувствувал толку немоќен на туѓ сервис имајќи предвид дека Хуркач направи 33 аса.

„Барал од Иванишевиќ итно да му го анализираат проблемот со ритернот и затоа тренерот морал да набави видео-материјал. Иванишевиќ испратил порака до некој што е задолжен за тоа во 1 часот наутро, сакал да ги види забавените снимки од сите вратени сервиси бидејќи Новак не бил задоволен“,