Алкохолните пијалоци ги оштетуваат забите, внимателно за празнициве

Празниците се ближат, а изборот на омилен пијалок за оваа пригода може да направи повеќе штета отколку што можете да замислите. Во празничната атмосфера, ефектите на одредени алкохолни пијалоци врз оралното здравје ретко се земаат во предвид.

Стоматолозите тврдат дека шампањското и белото вино се на списокот на најштетни пијалоци кога станува збор за забите.

“Нивото на pH вредност во вината е различно и тешко може да се утврди. Едно е сигурно, Ризлинг припаѓа на групата многу кисели вина”, објаснуваат стоматолозите, додавајќи дека слатките вина се исто така штетни за забите затоа што содржат многу шеќер.

Шампањ, слатко розово и десертно вино се исто така штетни за забите.

Времето на задржување на пијалокот во устата е голем проблем. Користењето сламки го намалува контакт со забите, а миењето уста со голтки вода помага плунката да ја намали киселоста на устата.

Стоматолозите објаснуваат дека газираните сокови се полни со шеќер, но тие се и кисели, и предизвикуваат двојно оштетување на забите, особено кога се мешаат со алкохолни пијалоци.

“Природната одбрана на организмот за заштита на забите е плунката, но потребно е да се произведе, што обично е околу половина час. Ако пиете алкохол неколку часа, телото нема да има можност да произведе доволно плунка. Киселината го омекнува емајлот на забот, што е најцврстиот, но и најтенкиот слој на забот, кој го штити дентинот од распаѓање, објаснуваат стоматолозите.