Во документите, поднесени од страна на адвокатот на Трамп се бара судијката да не одредува конкретен датум за почеток на судењето за доверливите документи, се додека не завршат главните барања за предистражниот процес, бидејќи не е познато колку долго тоа може да трае
„Судот, со должна почит, треба, пред да одреди каков било датум на судење, да остави време за разјаснување на обемот на барањата што ќе бидат поднесени“
Инаку, Трамп е обвинет за прикривање на информации за националната одбрана, вклучително и американски нуклеарни тајни и планови за одмазда на САД во случај на напад, што значи дека неговиот случај се разгледува според правилата утврдени во Законот за процедури на доверливи информации
Обвинението има и делови кои се однесуваат и на тоа што тој ги лажел истражителите и се обидел да ја попречи истрагата на тој начин што му сугерирал на неговиот адвокат да ги „скрие или уништи“ или да им каже на истражителите дека ги нема документите.
Трамп претходно беше обвинет и од Окружното обвинителство на Менхетен за фалсификување деловни документи во врска со пари платени на порноѕвезда во замена за молчење за аферата пред претседателската трка во 2016 година.