Слаб одзив на најавениот штрајк во ЈСП

Штрајкувачите бараат усогласувањето на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа.

Утрово во 4.30 околу триесетина членови на четвртиот синдикат Спајс во ЈСП Скопје штрајкуваа пред главната зграда на претпријатието, а додека тие го изразуваа своето незадоволство автобуските линии се движеа по редовниот возен ред.

Како што беше најавено од страна на организаторите, штрајкот требаше да трае со 12.30 часот, сепак поради малиот број на присутни вработени во ЈСП, по два ипол часа тие одлучија да се повлечат затоа што сметаат дека вработените треба да работат во интерес на граѓаните, а своите барања ќе продолжат да ги бараат во иднина.

Како што и вчера информиравме нивниот штрајк е поради неусогласувањето на минималната плата со Колективниот договор на ниво на работодавач, односно зголемување за 2.170 денари за вработените во претпријатието, како и кршење на правата од работен однос и безбедност и здравје при работа.

Претседателот на синдикатот Спајс Маријан Поповски рече дека овој штрајк е законски најавен, по претходно поднесените предупредувања до раководството на ЈСП за кои тие не дале одговор.