Жестока расправија за седиште во авион на „Рајанер“ заврши со тепачка.
Двајца патници на летот на „Рајанер“ од Малта за Лондон Станстед се скарале за седиштата, како што пренесуваат медиумите. Откако едниот одбил да го пушти другиот да помине низ ходникот дошло до туркање, па останатите патници морале да интервенираат, а на крајот со вжештени глави ги разделиле двајцата мажи.
„Британецот не го пушти Американецот да помине за да дојде до своето место покрај прозорецот… Почнаа да се навредуваат и пцујат, а потоа настанала тепачка… Летот доцнел два часа, сите на авионот се изнервирале. Никогаш нема да се вратиме дома“, рече сведокот.