Силен дожд предизвика поплава во Њујорк

Најмалку едно лице загина во обилните поплави во Њујорк.

Во њујоршката долина Хадсон, спасувачките тимови го извлекоа телото на 30-годишна жена која се удави додека се обидуваше да извади работи од нејзиниот дом. Поради силниот дожд улиците се поплавени.

Националната метеоролошка служба ги прошири предупредувањата за поплави во Конектикат и Масачусетс, додека бурата се движеше кон исток. паг/Фото: Јаху   .

Гувернерот на Њујорк, Кети Хочул, за радио WCBS потврди дека неколку луѓе се водат за исчезнати и дека една куќа е однесена од поплавите.

Поради поплавите, одредени патишта беа принудени да бидат затворени, додека поголемиот дел од североисточниот дел на Соединетите Американски Држави (САД) почна да се подготвува за потенцијално обилни дождови.