Шест жртви во напад со нож во детска градинка во Кина

Шест луѓе, од кои три деца се убиени во напад со нож во градинка во кинескиот град Лијанџијанг во југоисточната провинција Гвангдонг. Полицијата кажа дека 25-годишниот напаѓач е уапсен, додавајќи дека станува збор за „намерен напад“.

Останатите убиени се воспитувач и двајца родители, а уште едно лице е повредено.

Нападот се случил во моментот кога родителите ги оставале децата во градинката. Напаѓачот бил уапсен 20 минути подоцна.

Иако поседувањето огнено оружје е забрането во Кина, во изминатите години имаше серија напади со нож. Според Би-Би-Си, од 2010 имало 17 напади со нож во образовните установи. Лани во август беа убиени три лица во градинка во југоисточната провинција Џијангси.