Поранешниот фудбалер и спортски директор на Пари Сен Жермен, Леонардо имаше порака до Килијан Мбапе кој повторно е во центарот на вниманието на преодниот рок.
Мбапе соопшти дека нема да го продолжи договорот кој му истекува идното лето, а од ПСЖ му порачаа дека единствен услов и наредната сезона да игра во Париз е да го продолжи договорот за да не си замине бесплатно.
Леонардо тврди дека Мбапе е одличен фудбалер, врвен стрелец, но дека нема лидерски способности. Тој со своето однесување во минатиот период покажал дека не може околу него да се гради тимот на ПСЖ.
„ПСЖ постоел и пред Мбапе, ќе постои и по него. Шест години е во Париз, а пет различни клуба во тој период ја освоија Лигата на шампионите и ниеден од нив во тимот го немаше Мбапе. Значи, тој не е пресуден за освојување на трофејот во ЛШ. Мислам дека е дојдено време Мбапе да си замине од ПСЖ, без разлика колку болна ќе биде разделбата. Тој е одличен фудбалери и врвен стрелец, но со своето однесување покажа дека не е лидер. Тешко е да се изгради тим околу него“, изјави Леонардо.