Ужас во Германија, дете пронајдено во плакарот во домот на 44 годишен педофил

Германската полиција открила тинејџер кој се водел како излчезнат, во плакарот во домот на маж осомничен дека ширел детска порнографија.

Момчето е на возраст од 15 години е пронајдено во стан во градот Реклингхаузен. Тој бил однесен на клиника каде била проценета неговата психолошка состојба.

Мажот има 44 години и  е приведен под сомнение за сериозен сексуален криминал. Полицијата запленила и хард дискови со детска порнографија.

Момчето исчезнало во 2017 година. Во тоа време тој имал 13 години. Претходно, тој живел во засолниште во предградието Релкингхаузен, бидејќи  имале семејна криза.

Полицајците го  пронашле исчезнато дете заклучено во плакарот во домот на осомничениот, по спроведена акција поради сомнение за ширење на детска порнографија неочекувајќи дека ќе го пронајдат детето кое се водело како изчезнато две години.

Мајката на детето изјавила за „Билд“ дека го видела нејзиниот син. Таа едвај го препознала, изјавувајќи дека изгледал како „скршен старец“. Тој сепак ја носел облеката што ја имал на себе денот кога исчезнал.