Раководството на Баерн Минхен е подготвено да направи уште еден напор за да ја привлече ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн. Според германските медиуми, Баварците ќе достават понуда од 70 милиони фунти за напаѓачот, а во исто време ќе инсистираат зделката да биде завршена што е можно побрзо.
Позицијата на Тотенхем останува иста, не сакаат да се разделат со својот напаѓач. Приоритет за нив е потпишување на нов договор, бидејќи актуелниот договор на Кејн е до летото 2024.
Хари Кејн има желба да замине и да се приклучи на тим со кој би можел да освојува трофеи, а Баерн Минхен е дефинитивно таква дестинација.
Некогашниот ас на германскиот фудбал, Филип Лам на интересен начин ја искоментира ситуацијата околу Хари Кејн и можноста англичанецот да се пресели во Баерн Минхен. Лам мина многу години кај Баварците и многу добро ги знае состојбите во и околу клубот.
„Кога Баерн сака играч, обично го добива. Но, за оваа цел клубот треба да плати одредена цена. Иако не треба да обрнувам внимание на Баерн во моментов, многу сум љубопитен да видам како сето ова ќе заврши“, изјави Лаам за Abendzeitung.
