Пожар во најголемиот аква парк во Словенија

Во термалниот парк АкваЛуна во словенечкито град Подчетртек, недалеку од границата со Хрватска, избувна голем пожар.

Како што јавил читател за порталот 24сата.хр на терен се десетици пожарникарски возила, а се зборува дека до експлозијата дошло наводно во кујната.
Како што може да се види на снимките објавени на социјалните мрежи, огнот речеси во целост има проголтано еден од објектите во паркот, а се издигнува црн густ чад над зградата.