Бензема виновен за проблемите меѓу Мбапе и ПСЖ?

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе не сака да потпише нов договор со ПСЖ до јуни 2025 година, па поради тоа претседателот на клубот Насер Ал Келаифи му кажа да си замине уште летово од „Паркот на принцовите“.

Медиумите пишуваат дека управата на ПСЖ смета дека една од причините поради кои Мбапе не сака да потпише нов договор е заминувањето на Карим Бензема во Саудиска Арабија.

Преговорите меѓу Мбапе и парижаните се движеа во добар правец сè до моментот кога Бензема решил да замине во С. Арабија со што го отстапи своето место во „кралскиот клуб“.

Мбапе сака да се пресели во Реал Мадрид, а тоа би можело да се случи летово доколку „кралевите“ испратат добра понуда до Париз.