Андре Онана е на пат кон Манчестер, каде што во следните часови треба да го комплетира трансферот во Јунајтед. Камерунскиот голман ги договори личните услови, а сега треба двата клуба да се договорат, а блиску се до такво нешто.
Многу имиња се споменуваат како замена за Онана во европскиот вицепрвак. Најпрво се споменуваше голманот на Шахтјор, Анатоли Трубин, меѓутоа сега се почесто се „врти“ името на Јан Зомер, голманот на Баерн Минхен. За Швајцарецот нема место во таборот на „Баварците“, со оглед дека Нојер се враќа, а и германскиот првак е многу блиску до ангажман на Георги Мамардашвили, па така Зомер сега станува „вишок“.
Мануел Ноер се враќа од повредата, па така за Зомер ќе нема место во стартниот тим, освен тоа Баерн подолго време преговара со Георги Мамардашвили, па Зомер и дефинитивно би станал „вишок“.
Затоа тој би можел да замине во Милано, да потпише за Интер и да биде замената за Онана. Ако се случи тоа, ќе биде изненадувачки потег на „нероазурите“ за замена за својот досегашен прв голман.
