Извонредното концертно место на компанијата „МСГ“ (MSG) во Лас Вегас, кое ќе биде наскоро отворено, беше премиерно прикажано на 4 јули, Денот на независноста во САД.
Спектакуларниот приказ на најголемиот видео екран на светот наречен „Сфера“, го трансформираше хоризонтот на Лас Вегас со неговата заоблена лед површина од 580.000 квадратни метри, пренесува „Њујорк пост“.
„Сфера“, официјално му кажа „Здраво на светот“ за време на низата блескави огномети и анимации пред да почне да прикажува кристално чисти подводни сцени. Ова се планира да биде концертно место со капацитет од 20.000, кое првично имаше буџет од 1,2 милијарда долари.
„Сфера е повеќе од екран или билборд – таа е жива архитектура и различна од сѐ што постои насекаде во светот“, рече Гај Барнет, задолжен за стратегија и креативен развој на брендот.
„Шоуто обезбеди увид на волшебната моќ на ‘Сфера’ и можностите отворени за уметниците, партнерите и брендовите да создадат привлечни и влијателни приказни и да се поврзат со публиката на нов начин“, додаде тој.