Откриена причината за смртта на внукот на Роберт Де Ниро

Внукот на познатиот актер Роберт Де Ниро, Леандро Де Ниро Родригез почина пред два дена на 19-годишна возраст.

Ќерката на познатиот актер Дренa Де Ниро откри која е официјалната причина за смртта на нејзиниот син.

Како што тврди, младиот Леандро починал откако се предозирал со фентанил, пишува Дејли Мејл.

Тажната вест за смртта на синот таа ја објави на Инстаграм каде со емотивна порака се прости од него.

И актерот Де Ниро се огласи по тешката семејна трагедија и ги замоли сите да ја почитуваат приватност на семејството во овие тешки моменти истакнувајќи дека е многу вознемирен поради се.

Роберт де Ниро има седум деца, а Дрена е најстарата, од бракот со првата сопруга, актерката Дијана Абот. Синот Леандро таа го доби во бракот со уметникот Карлос Маре.