Кинескиот брз воз од следната генерација постави нов рекорд откако достигна брзина од 453 km/h. EurAsian Times објави дека релативната брзина, кога два воза се движат во спротивна насока, достигнала неверојатни 891 km/h.
Брзите железнички системи нудат високо ефикасен начин на транспорт за превоз на луѓе и товар помеѓу дестинации. Во време кога земјите сакаат да ги намалат емисиите на јаглерод, електрифицираните и енергетски ефикасни возови можат да понудат еколошки алтернативи за воздушниот транспорт.
Со постигнување поголеми брзини, возовите можат дополнително да го намалат дефицитот во времето на патување помеѓу двата начини на транспорт. На пример, патувањето помеѓу Пекинг и Шангај може да потрае само 2,5 часа со воз што се движи со брзина до 400 km/h, слично на времето потребно за летање со авион.
Кина ја има најголемата железничка мрежа во светот, а во Шангај сообраќа воз со магнетна левитација. Користејќи електромагнетна технологија, возот лебди над пругата за да го елиминира триењето и може да достигне брзина до 500 km/h.
Меѓутоа, маглев технологијата не е распоредена секаде во Кина, па оваа земја се обидува да ја зголеми брзината на своите возови на постоечката инфраструктура. Проектот наречен China Railway 450 Technology е еден од таквите проекти кои се дел од петгодшиниот план за периодот од 2021 до 2025 година.
Годинава истражувачи од Кинеската академија за железнички науки открија дека CR450 е блиску да биде спремен и дека кинеската железница неодамна направила пробно возење долж делот од својата мрежа од Суднг до Куанжу во провинцијата Фуџиан.
Тестовите биле направени на прекуморскиот мост Меижу Беј, кој е еден од главните делови на брзат железничка линија Фужу – Џиамен, долга 277 км.