Кина им зададе нов удар на Европа и на САД

Кина воведе ограничување на извозот на металите што се користат во производството на микрочипови конкретно на металите галиум и германиум, и тоа е за сега. Ќе има и други.

Контролата (ограничувањето) на извозот на овие производи беше изненадно објавена и ќе почне да важи од 1 август. Освен кај производителите на чипови, побарувачка за металите има и од производителите на електрични возила и оптички кабли.

Германиум се користи за чипови и пластика, а има и воена употреба во уреди за ноќно гледање и сензори за сателитско снимање. Галиум се користи за радари, уреди за радиокомуникација и сателити.

Поранешниот кинескиот заменик министер за трговија порача дека државите низ светот треба да бидат подготвени за уште ограничувања на суровините доколку продолжат да вршат притисок Кина.

„Ако продолжат рестрикциите врз кинескиот хај-тек сектор тогаш и контрамерките ќе ескалираат,“ порачал поранешниот заменик министер, Веи Џиангуо, а моментално заменик-претседател на Кинескиот центар за меѓународна економска размена.

„Со цел да се заштитат националната безбедност и интереси, со одобрение на Државниот совет, одлучено е да се спроведат извозни контроли на артикли поврзани со галениум и германиум“, соопшти кинеското Министерство за трговија.

Потегот на Пекинг дојде само неколку дена откако лидерите на ЕУ се договорија за нова стратегија за намалување на ризикот од економска зависност од Кина.

„Одлуката на Кина за извоз на галенит и германиум јасно покажува дека порано или подоцна Комунистичката партија ќе ги облече економските боксерски ракавици“, рече Никола Бир, потпретседател на Европскиот парламент задолжен за Законот за критичните суровини.