Милан испрати нова понуда– Челси на потег

Челси првата понуда од 15 милиони евра ја одби како премала и бара 25 милиони евра за трансфер на Американецот, кој исто така притиска да замине во Милан, па ја одби опцијата за трансфер во Лион. Французите пред два дена пратија понуда од 25 милиони евра која начелно беше прифатлива за „сините“, но сѐ блокираше Пулишиќ.

Сега италијанскиот клуб испрати нова понуда од 22 милиони евра, па двете страни се блиску до договор.

24-годишниот Пулишиќ веќе се договори со „росонерите“ и ги одби сите други понуди, бидејќи сака трансфер во Милан.